Честитка од Македонски полициски синдикат по повод Денот на полицијата

Од:

Македонскиот полициски синдикат им го честите 7 Мај-Денот на полицијата на сите припадници на Министерството за внатрешни работи.

Претседателот на МПС Марјан Кицев во честитката посочува дека да се биде припадник на МВР е голема чест и привилегија, но во исто време е и голема жртвата бидејќи извршувајќи ги секојдневните задачи се жртвувате самите себе, вашите семејства, како и редица други слободи и права кои ги имаа сите граѓани на нашата држава.

– Сите Вие, денес, со своите активности на браникот на татковината ја манифестирате Вашата човечност и големина, демонстрирате како изгледа пожртвуваноста, професионализамот, хуманоста и посветеноста на работата. Бидете цврсто уверени дека оваа Ваша саможртва ќе ја помнат македонските граѓани, затоа што, како во минатото така и денес тие во Вас гледаат столб на кој може да се потпрат и гарант на нивната безбедност, наведува Кицев.

Посочува дека пред нив претстои исклучително значаен период во борбата за справување со глобалното зло Covid 19, но додава дека синдикатот е секогаш тука со нив цврсто убедени дека сите припадници на МВР имаат капацитет и знаења да одговорат и на овој предизвик.

– Да продложиме да бидеме хероите на ова време, заеднички да се справуваме со кризата што го опфати целиот свет, да продолжиме да бидеме на ниво на задачата тогаш кога сме им најпотребни на граѓаните и на државата. Нека ни е честит 7-ми мај, денот на македонската полиција, стои во честитката од Македонскиот полициски синдикат.

Би можело да ве интересира

Сообраќајка на патот Прилеп – Росоман, двајца загинати

А1он

Наставничка сликала разговори на колешка за да ги покаже на директорката

За четири дена уапсени се 12 пијани возачи во Македонија

А1он

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Расчистени три измами со лажни сообраќајки во Битола, поднесена е кривична пријава

ВИДЕО: Како работела лихварската банда – наплаќале огромни камати, одземале имот и живееле луксузно

Катерина Ѓуровски