Честитка од Комисијата за односи со верски заедници до МПЦ по повод Водици

Од:

Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи денеска упати честитка до архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан и до сите членови на Светиот архиерејски синод на Ма­ке­дон­ската православна црква-Охридска Архиепископија, по повод големиот христијански празник Богојавление-Водици.

– Нашето нераскинливо единство со Бога како македонски народ, како и нашата еднобитност се светлина која треба да се умножува во светот, тоа е нашата божествена природа, гордост и битие. Единството исцелува, ги мие душите и телата, додека поделбите внесуваат горчина во блажените води на спасението. Како што на Христа во Јордан му се отвори небото и го чу гласот на Отецот повикуваќи ги сите луѓе да го послушаат и возљубат Неговиот Син, така и нашата меѓусебна љубов, трпеливост и слога да бидат нашиот вистински пат до среќен и благодетен живот, стои во честитката.

Комисијата за односи со верски заедници порачува „да не дозволиме меѓусебната недоверба и раскол да не надвладеат, туку во блискоста до Бога како и едни со други, да се осветиме со чудотворната вода на спасението и духовниот мир“.

Би можело да ве интересира

Српскиот патријарх Порфириј: Одлуката за МПЦ беше најспасоносна и најдобра, и за нив, и за нас, за сите

Предраг Петровиќ

Г.г. Стефан: Ништо друго не може да ни даде сила и утеха освен надежта во воскресението

МПЦ-ОА замолува за достоинствено и христијанско однесување на погребите

Во 2025 година пет продолжени викенди

Нов портпарол на Синодот ќе биде епископот Хераклејски г. Климент

Браќата Мијалкови добија орден од МПЦ