Честитка од Иванов по повод Велигден

Од:

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до сите православни христијани во Република Македонија, како и до сите верници на Евангелско-методистичката црква во Република Македонија.

– Денот на Воскресението Христово – Велигден е најголемиот христијански празник. Овој светол ден е темелот на нашата вера. Се вели дека преку Христос, Бог се стави на наше место. Благодарение на Божјата саможртва на крстот, Божјата љубов кон човештвото победи над Божјиот гнев. Свесни дека таа цена е платена за секој човек независно од разликите што со себе ги носи, наша должност е да се однесуваме кон секој човек во согласност со неотуѓивото човечко достоинство, се вели во честитката.

Како што големото помирување меѓу Бог и човештвото е основа за надежта во победата на животот над смртта, се посочува во честитката, така и помирувањето во македонското општество треба да биде обновување на посветеноста кон нашата заедничка иднина.

– И со таква увереност да ја градиме нашата единствена заедничка татковина Република Македонија. Честитајќи Ви го најголемиот празник, Велигден, Ви посакувам празничните денови да ги поминете во добро здравје, мир и спокој. Христос Восресна! Навистина Воскресна!, стои во честитката од Иванов.

Би можело да ве интересира

Гаши: Велигден не потсетува дека меѓусебното почитување, солидарноста и добрината се суштински за напредокот на секое општество

Филипче: Велигден дава сила и надеж за справување со предизвиците, за нови и подобри почетоци

Мицкоски: Нека светлината на Воскресението биде водилка во нашите заеднички напори за изградба на праведно и хумано општество

Честитка од Сиљановска-Давкова по повод Велигден

Предраг Петровиќ

Велигденска Вокресна литургија во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје

Предраг Петровиќ

Г.г. Стефан: Ништо друго не може да ни даде сила и утеха освен надежта во воскресението