Честитка од Иванов до Обама по повод Денот на независноста на САД

Од:

Претседателот Ѓорге Иванов по повод националниот празник на САД, 4 Јули – Денот на независноста, испрати честитка до американскиот претседател Барак Обама.

– Во мое име и во име на граѓаните на Република Македонија Ви посакам Вам и на пријателскиот американски народ, среќен 4 Јули. Остварувањето на неотуѓивите права „живот, слобода и потрага по среќа“, стана инспирација за многу генерации, ширум целиот свет, да ги бараат и да ги остваруваат овие права, се вели во честитката.

Претседателот Иванов во честитката искажува задоволство од досегашното ниво на македонско-американските односи, изразувајќи очекување за натамошно продлабочување на пријателството меѓу две држави.

– Потсетувајќи се на мислата на Абрахам Линколн дека „секоја куќа поделена против себе не може да опстане“, би сакал да Ве уверам, господине претседателе, дека Република Македонија, нејзиниот народ и натаму остануваат посветени на партнерството со Вашата голема нација, партнерство за одбрана на слободата, демократијата и човековите права во светот.

– Инспирирани од овие споделени вредности, остануваме сосредоточени за постигнување на целта – Македонија како рамноправна членка на европското и евроатлантското братство на народи. Ја користам оваа можност, господине претседателе, да Ви се заблагодарам за континуираната поддршка за исполнување на нашите стратешки цели, но и да искажам увереност дека во периодот што следи нашето стратешко партнерство ќе биде унапредено и збогатено, за доброто на нашите деца, стои во честитката од претседателот Иванов.

Би можело да ве интересира

Сијарто ги повикува лидерите на ЕУ да не ги попречуваат напорите на САД за мир во Украина

Зеленски: Украина бара САД да ги земат предвид нејзините национални интереси во мировниот план

Американците се истоварија во Мексико, поставија знак „Внимание: Ограничена зона“

Горан Наумовски

Медиуми: САД му сигнализираа на Зеленски дека Киев мора да се откаже од Донбас

ЕУ не го поддржува мировниот план на САД

ВИДЕО: Нов американски напад на Кариби, тројца мртви