А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Честитка од Иванов до Еврејската заедница по повод празникот Пасха

by А1он10/04/2017 - 10:08141
Share0

Претседателот Ѓорге Иванов по повод еврејскиот празник Пасха упати честитка до претседателката на Еврејската заедница во Република Македонија, Берта Романо-Николиќ.

Добивај вести на вибер

– Ми претставува особена чест и големо задоволство, Вам и на припадниците на Еврејската заедница во Република Македонија, да Ви го честитам претстојниот празник Пасха, кој е еден од трите празници на поклонението. Тој го прославува ослободувањето на Евреите од египетското ропство. Според легендата, се слави доаѓањето на израелските племиња во Египет, нивното ослободување од египетското ропство и потребата од пасхална жртва. Евреите низ светот, од поколение на поколение, одбележувањето на овој ден го поврзуваат со борбата за слобода и за непокорност, како симбол на ново раѓање и надеж. Негувајќи ја традицијата ги негувате вистинските вредности на религијата, поклонението и ја славите слободата, наведува Иванов во честитката.

Македонскиот претседател посочува дека заеднички треба да придонесеме за почитувањето на религиските и на културните посебности создавајќи вредности за идните генерации. – Примете ги моите искрени желби за мир, меѓусебна доверба и пријателство, додава Иванов.

evreiivanov

Би можело да ве интересира

Еврејски активисти нападнати во Франкфурт

Горан Наумовски24/08/2025 - 10:15

Херцог го осудува вандализмот врз еврејските институции во Париз

Горан Наумовски01/06/2025 - 15:44

Австралија: Медицински работници тврдат дека убиваат израелски пациенти

Горан Наумовски12/02/2025 - 09:4312/02/2025 - 09:44

Во Скопје се одбележуваат 81 година од депортирањето на македонските Евреи

Горан Наумовски11/03/2024 - 11:11

Во Штип се одбележаа 81 година од депортацијата на Евреите во логорот на смртта „Треблинка“

Катерина Ѓуровски10/03/2024 - 12:51

Иванов: Се исполнува визионерскиот став на Кисинџер дека за конфликтот во Украина кога тогаш мора да почне дијалог

Горан Наумовски15/12/2023 - 16:4415/12/2023 - 16:44
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен