Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски по повод Меѓународниот ден на Бошњаците – 28 Септември упати честитка до припадниците на бошњачката заедница во Македонија.
– Од мое лично име и од името на ВМРО-ДПМНЕ, ви го честитам Меѓународниот ден на Бошњаците и ви посакувам добро здравје, среќа, радост и бериќет. Културната разноликост и почитувањето на различните традиции се всадени во кодот на Република Македонија. Бошњаците се важен дел од македонското општество со својот огромен придонес кон јакнење на меѓусебната толеранција, разбирањето помеѓу граѓаните и изградбата на мултиетничка и мултиконфесионална средина која била и ќе биде пример за земјите од регионот и пошироко, наведува Груевски во честитката.
Бошњачката заедница, стои во честитката, давала огромен културен и економски придонес во развојот на нашата заедничка татковина, а сум убеден дека тоа ќе го прави и во иднина, се со цел да чекориме заедно кон нашата заедничка цел – изградба на напредна и стабилна Република Македонија.