Честитка од Груевски по повод Бајрам

Од:

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски по повод претстојниот Бајрам упати честитка до поглаварот на Исламската заедница и до верниците од исламска вероисповед.

– Бајрамските празнувања од секогаш биле можност да ги потенцираме вредностите кои ги носат големите празници и воопшто вредностите кои се темел на исламската, но и на повеќе други религии. Љубовта, помагањето, посветеноста на Бога и воздржувањето од лоши мисли се само дел од таквите вредности во чиј дух поминаа изминатите денови на пост. Духовниот благодет од големиот празник и понатаму нека биде инспирација и водилка за напредок и успех во Вашите семејства и во сите полиња од Вашиот живот, се вели во честитката.

Честитајќи го празникот, Груевски апелира на слога и заедништво во сите области кои се од заеднички интерес.

– Заедно и искрено да продолжиме со традицијата која со векови ги одбележува животите на овие простори. Да бидеме пример за соживот, почит и разбирање кои ќе носат само позитивни нешта за нашата држава и за нашите граѓани. Да се вложиме уште повеќе за економски напредок во државата, за привлекување на инвеститори, за развој на бизнисот, за нови фабрики и нови работни места. Да работиме уште повеќе за полесен и поквалитетен живот на луѓето, за напредок на земјоделието, образованието, здравството, културата и сите други општествени сфери. Со заедничка работа да создаваме дела и вредности кои на следните генерации ќе им остават добар пример и позитивни пораки, истакнува Груевски.

Би можело да ве интересира

Талат Џафери упати честитка по повод Фитер Бајрам

А1он

Муслиманите ширум светот го дочекаа Фитр Бајрам во време на пандемија

А1он

Талибанците прогласија тридневно примирје поради Фитр Бајрам

А1он

СРМ: Настанот во Шуто Оризари не е тепачка, туку изборен инцидент

Наум Локоски

Првиот ден на Курбан Бајрам, 1. септември, неработен за граѓаните од муслиманска вероисповед

Наум Локоски

Честитка од Комисијата за односи со верските заедници по повод Курбан Бајрам

Емир Латифовиќ