Честитка од Груевски по повод Курбан Бајрам

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска по повод празникот Курбан Бајрам испрати честитка до поглаварот на Исламската заедница во Република Македонија господин реис ул улема, хаџи Сулејман Ефенди Реџепи и до сите верници од исламската вероисповед.

– Македонија е земја во која различностите на вери и култури се нашето најголемо богатство. Со векови сме развивале соживот и толеранција, и тоа е наш аманет кој треба да го оставиме за сите идни генерации да продолжат да го негуваат. Тоа се нашите основни вредности и наша традиција, односно нашиот несомнено огромен придонес кон глобалното општество кое заеднички го градиме и во кое сите живееме. Почитта кон другиот води кон разбирање на неговите чувства и традиции. Ова е клучот на нашата заедничка мисија, во градењето просперитет и благосостојба за сите граѓани на нашата Република Македонија, вели Груевски во честитката.

Духот на солидарноста, кој е симбол на овој празник, додава тој, нека ги води сите верници и оваа година и нека биде поттик кон добри дела како кон блиските, така и кон соседите, непознатите, посиромашните и болните.

– Духовните вредности кои секоја вера ги има се столбот кон градењето еден подобар свет, бидејќи тие се и универзални вредности. Нека празничните мигови, Вие, нашите сограѓани муслимани ги поминете во хармонија, добра мисла и споделување со луѓето кои ве опкружуваат. Добрите дела не познаваат разлики, туку се израз на сплотеност и заедништво, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во честитката упатена по повод празникот Курбан Бајрам.

Би можело да ве интересира

На Груевски му застарува затворската казна во случајот „Тенк“ за набавката на мерцедесот

Катерина Ѓуровски

Груевски: Македонија станува протекторат, народот прави црни листи на избори, а не други држави

Врховниот суд пресече за „Плацеви на Водно“ – за Груевски останува казната од Апелација

Османи: Груевски треба да биде во Македонија и тука да се соочи со правдата

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Џафери: Добив материјал со измените на Кривичниот законик, но не од Груевски

A1on