Честитка од Груевски по повод еврејскиот празник Песах

Од:

По повод големиот еврејски празник Песах, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски упати честитка до претседателот на Еврејската заедница во Република Македонија, Берта Романо – Николиќ и до припадниците од Еврејската заедница.

– Ви посакувам овие празнични денови да Ви бидат исполнети со среќа, добро здравје и душевен спокој. Преку празнување на вакви празници се искажува и цврстата врска помеѓу македонскиот и еврејскиот народ. Ова повеќе годишно искрено пријателство помеѓу нашите сограѓани треба од ден на ден се повеќе да се продлабочува, се наведува во честитката од Груевски.

Тој посочува дека доказ за заедничката посветеност за продлабочување на соработката е и Декларацијата за пријателство меѓу Република Македонија и Државата Израел.

– Со оваа Декларација ги зацврстивме билатералните односи меѓу нашите земји и народи, отворајќи врата за продлабочување и интензивирање на нашата соработка во поголем број на области од взаемен интерес, наведува во честитката Груевски посакувајќи им убави празнични денови, исполнети со мир, среќа и добро здравје.

Би можело да ве интересира

Груевски со нова објава: Обвинувања за дволичност и финансиски интереси кон Заев и Филипче

Горан Наумовски

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“

Вреди: Функционери на ДУИ се обидоа по секоја цена да го вратат Никола Груевски на власт и да го ослободат Сашо Мијалков

Мицкоски: Дел од функционерите на поранешната владина коалиција во Будимпешта се среќавале со Груевски

Влен: За враќање на Груевски, претставници на ДУИ, СДСМ и Пендаровски во март се сретнале во Вила Водно