Честитка од Груевски по повод Денот на македонската револуционерна борба

Од:

Премиерот Никола Груевски до граѓаните на Република Македонија и до членовите на македонската дијаспора ширум светот денеска упати честитка по повод големиот државен празник, 23-ти Октомври – Денот на Македонската револуционерна борба.

– Овој исклучителен датум е симбол на почетокот на организираното македонско револуционерно движење и воскреснатата идеја за слобода и остварување на основните човекови права во Македонија. Овој државен празник преставува сеопфатен паметник за македонското револуционерно дело во кое подеднакво учествувале, го поддржувале и помагале луѓе од различни припадности, сите кои биле обесправени, кои посакувале достоинство и слобода. Организираното револуционерно движење бил нивниот одговор на состојбите кои им биле наметнати и времињата во кои живееле и како такво во секоја смисла е поврзанo со нашата земја – Македонија, вели во честитката Груевски.

Целта, која тие ја постигнале и темелот, кој го поставиле, како што нагласува, биле сосема доволни за генерациите по нив да го превземат аманетот и да продолжат да се борат за слобода, за подобар живот, за подобра иднина на Македонија.

– Таквиот аманет го носиме и ние денес, нашата борба е економски развој, воспоставување на систем на вредности и принципи кои се во функција на развојот. Она што ќе го изградиме денес, тоа ќе го оставиме во наследство да го надоградуваат и развиваат нашите деца, нашите внуци и сите идни потомци. За постигнување на оваа цел е потребно единство и сплотеност околу важните и суштински прашања за напредокот на државата, потребно е меѓусебно почитување и разбирање, градење на доверба која ќе се темели на добрите дела кои меѓусебно ќе не зближуваат. Ваквите подвизи се можни и потребни, а за тоа говорат и многубројните дела и искуства на македонско револуционерно движење каде се покажало дека со единство и сплотеност заеднички можеме да постигнеме многу повеќе за сите нас, истакнува во честитката премиерот Груевски.

Би можело да ве интересира

Лекорни ја избра својата нова „екипа“

Францускиот премиер поднесе оставка

Макрон одлучи: Себастијан Лекорну е нов премиер на Франција

Горан Наумовски

Собранието на Република Српска гласа за новата влада, премиер e Саво Миниќ

Горан Наумовски

Јужна Кореја: Поранешниот премиер обвинет за поттикнување воена состојба

Премиерот на Романија поднесе оставка

А1он