Честитка од Груевски до Обама по повод Денот на независноста на САД

Од:

Премиерот Никола Груевски по повод националниот празник на САД, 4 Јули – Денот на независноста, испрати честитка до американскиот претседател Барак Обама.

– По повод Националниот празник на Соединетите Американски Држави, во името на Владата на Република Македонија и во свое лично име, Ви ги упатувам најискрените честитки и желби за сéстран развој на Вашата држава и благосостојба на нејзините граѓани. Овој празник е втемелен во националната свест и историјата на американскиот народ, како трајна  вредност за сегашната и идните генерации на Вашата земја, но тој претставува и вредност на демократијата и слободата препознаена во светски рамки, стои во честитката.

Во оваа прилика, покрај искрените честитки, посочува Груевски, сакам да Ве уверам дека пријателството и традиционалното партнерство и одличните односи меѓу Република Македонија и Соединетите Американски Држави во континуитет ќе се зајакнуваат во сите области од взаемен интерес, и тоа и на билатерален план и на планот на заедничкиот ангажман во мировните мисии и изградување на мирот и промоција на цивилизациските вредности  во целиот свет.

– Дозволете ми уште еднаш да Ви се заблагодарам за континуираната поддршка што Соединетите Американски Држави и ја даваат на Република Македонија во правец на зачленувањето во НАТО и Европската Унија, како прашања коишто остануваат наша трајна стратешка определба.

– Повторувајќи ги уште еднаш најсрдечните честитки и желби, и потенцирајќи ги стратешките врски меѓу нашите влади и држави, Ви ги упатувам, почитуван Претседателе, изразите на моето високо почитување, се вели во честитката на премиерот Груевски до американскиот претседател Обама.

Би можело да ве интересира

Аракчи: Нападите на САД и Израел врз нуклеарните постројки би можеле да го изложат регионот на зрачење

Абдулахи до Трамп: Портите на пеколот ги чекаат агресорите

„Епски бес“ без излез: Дали САД влегуваат во нов Виетнам?

Документирани загуби на американските воздухопловни сили

Иран тврди: „Соборивме американски Ц-130, соборивме и хеликоптери“

Золфагари: Иран собори уште еден американски „Херкулес“