Честитка од Груевски до Еврејската заедница по повод празникот ПЕСАХ

Од:

Премиерот Никола Груевски денеска упати честитка до претседателот на Еврејската заедница во Република Македонија Бјанка Суботиќ и до членовите на заедницата по повод големиот празник ПЕСАХ, посакувајќи им време исполнето со мир, молитва и душевен спокој.

– Горчината на ропството е горчина која ја имаат вкусено многу народи во историјата. За жал, ниту македонскиот, ниту еврејскиот народ не останале поштедени од оваа тешка и мачна општествена појава. Сепак, слободата била и останала една од најголемите вредности на луѓето, за чиј идеал никогаш не се жалеле животи и жртви. Токму затоа, да се потсетиме и да го прославиме тој идеал преку големиот празник ПЕСАХ, вели во честитката Груевски.

Ваквите празници, како што додава премиерот, се богатство на еврејската заедница, но и универзални добра со чие негување заеднички придонесуваме за подобра иднина, почитување, толеранција и хармонија помеѓу луѓето.

– Вашата заедница има дадено особен придонес за зачувувањето, промоцијата и ширењето на истите. Очекувам на тој пат заеднички да продолжиме, во насока на унапредување на ваквите вредности и развој на целокупните општествени односи во Република Македонија, подвлекува премиерот Груевски.

Би можело да ве интересира

Германските трговци очекуваат слаба продажба за време на празничната сезона

Поранешниот премиер на Украина, Микола Азаров осуден на 15 години затвор за велепредавство

А1он

Лекорни ја избра својата нова „екипа“

Францускиот премиер поднесе оставка

Макрон одлучи: Себастијан Лекорну е нов премиер на Франција

Горан Наумовски

Собранието на Република Српска гласа за новата влада, премиер e Саво Миниќ

Горан Наумовски