Честитка од Груевски по повод 8. Септември

Од:

Претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, по повод празникот 8-ми Септември – Денот на Независноста на Република Македонија упати честитка до граѓаните на Република Македонија

„Дозволете ми во мое лично име и во името на ВМРО-ДПМНЕ, да ви го честитам, 8 Септември – денот на независноста на Република Македонија. Денот на кој пред 26 години, ние граѓаните, одлучивме Република Македонија да биде независна држава, остварувајќи го со тоа сонот на илјадници македонци и граѓани на Македонија, кои своите животи ги дадоа за градење на сопствена држава.

Како држава издржавме бројни искушенија и поминавме многу премрежја. 26 години подоцна како народ и како држава повторно минуваме низ период во кој е потребно многу мудрост, храброст и одлучност во носењето на одлуките и делувањето. Повторно минуваме низ период во кој се отвараат прашања што длабоко задираат во нашиот идентитет и немаме веќе ни малку простор и комоција да дозволиме непромислени одлуки чии последици би ги чувстувале долго во иднина. Антидржавните и антинационалните политики мора да ги оставиме зад нас. Тргување со највисоките државни и национални интереси не смее да се дозволи. Убеден сум дека единствени и сплотени, со јасно зацртана визија и цел, ќе успееме Република Македонија да ја направиме подобро место за живеење за сите нејзини граѓани, држава каква што сакаме да им оставиме на нашите деца.

Доколку пред 26 години сонот на тогашните генерации била независна Македонија, сонот на нашата генерација е економски стабилна и просперитетна држава, единствена, меѓународно признаена и почитувана. Овие цели заедно со добро трасираниот пат кон ЕУ и НАТО се насоките кон кои се стремиме и за кои секојдневно треба да работиме.

Секој од нас има сон и идеи за својата иднина, но најважно од се е идејата за заедничка иднина. Идејата дека само сплотени во единство можеме заедно да изградиме сигурна иднина за успешна Македонија.

Нека ни е честит и вековит Денот на независноста, големиот државен празник 8-ми Септември!“, се вели во честитката на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ