Честитка од Џафери по повод по повод празникот Курбан Бајрам

Од:

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери во свое лично име и во име на пратениците денеска упати честитка до Исламската верска заедница, до сите муслимански верници и до сите граѓани по повод празникот Курбан Бајрам.

– Празник кој што над се симболизира подавање рака на солидарноста помеѓу луѓето, рака на добрината на оние посреќните кон оние помалку среќните, убавиот збор и човечкото однесување со надеж дека овој благословен ден на Курбан Бајрам ќе не најде сплотени во хармонија, мир и меѓусебно разбирање и ќе ни даде мудрост да ги надминеме разликите во нашето општество кое е изградено врз вредностите на етничкиот, верскиот и културниот диверзитет, со цел земјата да напредува а граѓаните и идните генерации да ги уживаат резултатите од нашиот ангажман, стои во честитката од Џафери.

Претседателот на Собранието на Република Македонија во честитката им посакува на граѓаните да имаат секогаш среќа, мир и добрина во семејствата.

Би можело да ве интересира

Собранието со 73 гласа „за“ го донесе Законот за Судски совет

Горан Наумовски

Мицкоски: Во фаза на потврда сме на три многу важни странски инвестиции – германска, грчка и турска во вредност од околу 120 милиони евра и 1.500 нови вработувања

Зекирја Таири од Коалицијата Влен, пратеник во Собранието на местото на Беким Сали

СДСМ: Усвоена Резолуција против демократијата

Собранието изгласа Резолуција за осуда на опозициските манипулации и нелегалната миграција

Горан Наумовски

Собранието ги донесе измените на Законот за буџетите