Честитка од Џафери по повод Денот на албанското знаме

Од:

Претседателот на Собранието Талат Џафери упати честитка по повод 28-ми Ноември, Денот на албанското знаме и Денот на независноста на Република Албанија, земја која, како што е наведено во честитката, е непосреден сосед и потврден пријател на Република Македонија.

-Овој значаен празник е длабоко втиснат во колективната национална историска меморија и во срцата на сите припадници на албанскиот народ, а Албанците како значаен и интегрален дел на Република Македонија се обединувачко ткиво и вреден контрибутор во напредокот и развојот на државата и регионот. Денес, кога се одбележува 106-годишнината од кога истакнатиот дипломат Исмаил Ќемали, заедно со делегати од различни албански градови го истакна националното знаме во Валона, Албанците, каде и да се наоѓаат, го празнуваат овој симбол на албанската национална културна ренесанса, се наведува во честитката од Џафери.

Би можело да ве интересира

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on