Честитка од Џафери по повод Денот на албанското знаме

Од:

Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери упати честитка по повод 28 Ноември – Денот на албанското знаме.

– Дозволете ми, да го честитам 28 Ноември, Денот на албанското знаме и во исто време и Денот на независноста на Република Албанија, наш сосед и пријателска земја. Овој ден се негува во колективната меморија на сите припадници на албанскиот народ, а Албанците се значаен и интегрален дел на Република Македонија. Денес, кога се одбележува 105. годишнината од кога истакнатиот дипломат Исмаил Ќемали, заедно со делегати од различни албански градови го истакна националното знаме во Валона, Албанците, каде и да се наоѓаат празнуваат, бидејќи, тоа е важен сегмент во албанската национална културна ренесанса, стои во честитката од претседателот на македонското Собрание Џафери.

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска