Честитка од Црвенковски за празникот

Од:

Претседателот на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија Бранко Црвенковски, денеска, по повод Денот на народното востание – 11-ти октомври, до сите граѓани на Република Македонија упати честитка во која се вели:

„Дозволете ми, од мое лично име и од името на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија, до сите граѓани на Република Македонија да упатам искрени честитки по повод овој голем ден со желби за понатамошен успех во негувањето на мирот, слободата и демократијата.

Денес, после 71 година од почетокот на македонската борба за ослободување од фашистичкиот окупатор, овој народ има со што да се гордее. Во тие тешки времиња, Македонците ја одбраа страната на слободата  рамо до рамо заедно со сите народи кои храбро му застанаа на патот на фашизмот како најголема закана за човештвото.

Македонскиот народ тогаш успеа да се избори за слободата благодарение на храбрите херои кои ги положија своите животи за Македонија. Благодарение на овие луѓе денес можеме слободно и рамноправно да одиме по патот на европските и евроатланските интеграции како врвен приоритет во развојот на македонската државност.

Сакам да ја искористам оваа прилика уште еднаш на сите македонски граѓани да им го честитам Денот на народното востание со најискрени желби за добро здравје, благосостојба и пријатно празнично расположение во кругот на нивните најблиски.“

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер

СДСМ: 31 година од атентатот над Киро Глигоров, тогаш сакаа да ја запрат демократијата, на 27 април – повторно!

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ

Платформата 12:05 ги достави предлозите за промени во СДСМ

СДСМ: Мицкоски не сака во ЕУ затоа што не сака европско обвинителство

СДСМ бара итна смена на Стоилковиќ: Го обвини за учество во кампања за Вучиќ