Честитка од Црвенковски по повод 8 април-Светскиот ден на Ромите

Од:

Претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски по повод 8 април-Светскиот ден на Ромите,  денеска упати честитка до сите граѓани на Република Македонија, припадници на ромската заедница.

– Овој ден е можност да се потсетиме на историјата, искуството и наследството на најголемото етничко малцинство во Европа. Иако Република Македонија предничи во нормативната вклученост и заштита на Ромите во општеството, за жал не можеме да избегаме од фактот дека ромскиот народ сè уште е социјално најзагрозената заедница. Секојдневната борба со дискриминацијата од најразлични видови, супстандардните услови за живот, тешкотиите во пристапот на образование и вработување треба да бидат приоритет за решавање и надминување на ваквата состојба на Ромската заедница во државата, вели Црвенковски во честитката.

Заедничка е одговорноста за сите граѓани, како што посочува Црвенковски, активно да се вклучиме во надминувањето на тешкотиите со кои се соочува и да и ги овозможиме условите со кои ромската заедница полесно ќе се наметне како рамноправен и одговорен чинител во општеството.

– Ромите се нераздвоен дел од државното ткиво на Република Македонија, кои со својата посветеност, милениумска култура и традиција, придонесуваат кон градење на стабилно мултиетничко и мултикултурно општество, вели Црвенковски.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

(ВИДЕО) Филипче на Свети Трифун: Власта ги остави лозарите без поддршка

А1он

СДСМ: Сите молчат – овој гласен молк е најсилна потврда дека нарко скандалот води до врвот на Владата на Мицкоски

А1он

(ВИДЕО) Димитриевски: Владата на Мицкоски им ги скрати субвенциите на земјоделите за огромни 40 милиони евра

СДСМ: Советник на Мицкоски за нов уставен судија – толку од независноста на судството

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски