Честитка од Божиновска по повод Рамазан Бајрам

Од:

Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Валентина Божиновска упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница, Реис Ул Улема Хаџи Сулејман ефенди Реџепи, по повод празникот Рамазан Бајрам.

– Празникот Рамазан Бајрам е радост за сите муслимански верници, вдахновение на љубовта, верноста, мирот, како и поттик за воспоставување на што подобри односи со блиските, пријателите и со сите луѓе со добра волја. Големата духовна сила и цврстата волја кои следуваат по триесетдневниот рамазански пост, самоуверено и храбро да Ве водат кон споделување на вистинските вредности на семејната блискост, љубовта и меѓусебното пријателство и со припадниците на другите вери и традиции, се вели во честитката.
Нека овој Рамазански Бајрам, се наведува во честитката, уште еднаш нè потсети на трајноста на овие духовни вредности и дека само со нивно негување, и исполнетост со меѓусебно почитување, толеранција и соработка, можеме да придонесеме за темелен напредок во нашиот живот и во нашето општество.

– Ви го честитам Рамазан Бајрам и Ви посакувам деновите на овој голем празник да ги поминете во кругот на Вашите семејства и домови во добро здравје, расположение и среќа. Честит Рамазан Бајрам – Бајрам Мубарек, стои во честитката од Божиновска.

Би можело да ве интересира

Талат Џафери упати честитка по повод Фитер Бајрам

А1он

Муслиманите ширум светот го дочекаа Фитр Бајрам во време на пандемија

А1он

Талибанците прогласија тридневно примирје поради Фитр Бајрам

А1он

СРМ: Настанот во Шуто Оризари не е тепачка, туку изборен инцидент

Наум Локоски

Првиот ден на Курбан Бајрам, 1. септември, неработен за граѓаните од муслиманска вероисповед

Наум Локоски

Честитка од Комисијата за односи со верските заедници по повод Курбан Бајрам

Емир Латифовиќ