Честитка од претседателот на СДСМ Заев по повод Водици

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, г.г. Стефан, како и до сите верници.

„На Вас лично, на претставниците на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија и сите верници, од мое име и од име на Социјалдекомратскиот сојуз, го честитам големиот христијански празник Богојавление – Водици, со желба и надеж дека празникот на духовното раѓање ќе ја зголеми и дополнително ќе ја поттикне вербата во правдата и вистината, како едни од најголемите искушенија пред коишто сме исправени денес, како луѓе, како заедница и како општество.

Ако храбоста на Исус Христос е ѕвезда водилка по патот на предизвиците, да се биде човекољубив, правичен, несебичен, солидарен, толерантен, секогаш на страната на доброто над злото, тогаш нека овој голем ден, Богојавление – Водици, ја разбуди во нас истата таа храброст, уште порешително да одговориме на овие наши свети обврски.

На сите верници, пожелувам празникот да го поминат во спокој, меѓу семејството и саканите, исполнети со љубов, со духовна подготвеност за меѓусебно разбирање, почитување, независно од различностите по која било основа.

Само така, заеднички можеме да живееме мирно и благословено“, се вели во честитката на претседателот на СДСМ, Зоран Заев по повод празникот Бојојавление – Водици.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?