Честитка на претседателот Заев за 8 март: Се борите за Македонија

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, упати Честитка до сите на сите жени во Република Македонија во чест на 8 Март, меѓународниот ден на жената, во име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и во свое име.

„Во име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и во мое име ви го честитам 8 март, меѓународниот ден на жената на сите вас: мајки, сопруги, работнички, земјоделки, административки, професорки, новинарки, лекарки, правнички, невработени и вработени жени.

8 март е меѓународен ден на храбрите и одлучните жени кои ја започнале битката за правда.
ТАА битка вие храбрите и одлучни жени ја водите и во нашата земја.

Денес вие, носителките на ТАА промена, сте повеќе од кога било потребни на Република Македонија.

Ве среќаваме по плоштадите, ве гледаме по полињата, по пазарите, на работните места, во семејствата, до децата, до родителите.

Вие чекорите кон ТАА посакувана слободата! Со ТАА одлучност и ТАА храброст, со ТАА посветеност и ТАА мудрост, со ТАА пожрвуваност и ТАА одговорност кои се потребни за ТАА најважна битка на нашето време.

Тоа е нашата заедничка битка за правда, за ТАА посакувана среќа и ТАА надеж што `не води кон промените што ги почнавме.

Секоја од вас е ТАА промена.

Во мое име и во име на Социјалдемократкиот сојуз, чија идеолошка определба е еднаквоста, ви благодарам што се борите за сите нас, за Македонија – едно општество за сите, за ТАА заедничка иднина“, се вели во честитката на Зоран Заев.

Би можело да ве интересира

Николовски: Власта крие, ИПАРД програмата е стопирана

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Дали е точна информацијата дека никој не сака да му се нафати на Филипче да му биде во раководството на СДС?

(ВИДЕО) Кузеска: Македонија е на дното по стандардот на живеење, власта не ни помислува на покачување на платите

А1он

Николовски: Во ризик се 128 милиони евра – поради корупцискиот скандал на власта, ЕУ најавува стопирање на ИПАРД

Андоновска: СДС да се дистанцира од Филипче и Заев, на Македонија и треба силна опозиција

СДСМ: Дали и министерот Трипуновски е замешан во корупциската шема на Стоилев?

А1он