Честитка на Кирацовски за Свети Сава: Градејќи едно општество за сите го негуваме богаството на традициите и различностите

Од:

По повод празникот Свети Сава, генералниот секретар на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија Александар Кирацовски, упати честитка до сите припадници на српската заедница во Македонија и до сите граѓани кои го слават денешниот празник.

„Во име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и во мое име упатувам срдечни честитки за денешниот голем празник Свети Сава на сите вас кои го празнувате и ви пожелувам добро здравје и квалитетен и спокоен живот.

Македонија има препознатливо богатство на традиции, вредности и различности што ја прават исклучително посебна држава која има со што да се гордее.

Наша заедничка определба е да ги чуваме, негуваме и развиваме таквите вредности и заедно да ја градиме Република Македонија како едно општество на еднакви, слободни и среќни граѓани, со која што сите ќесе гордееме.

Имајте убав празничен ден“.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?