Честика од Џафери за Денот на албанската азбука: Дарот е голем, меѓутоа аманетот да се чува тој дар е уште поголем

Од:

Со особена радост сакам да го честитам празникот 22 Ноември, Денот на албанската азбука, кој е востановен по денот кога се одржал Битолскиот конгрес на кој албанските интелектуалци собрани од сите страни, по девет дневна неуморна работа излегоа со најскапоцениот дар за еден народ – унифицирана Азбука, со која ќе се продолжи да се пишува, чита и шири јазикот, културата, обичаите, посебностите и пишаната и испеана фолклорна традиција, која дотогаш се проследуваше со странски букви на странски јазици – вели претседателот на собранието Талат Џафери во честитката за Денот на албанската азбука.

„Дарот е голем, меѓутоа аманетот да се чува тој дар е уште поголем. Апелирам до сите претставници на политичкиот дијапазон, до институциите кои се основани за водење грижа за овој дар, до пишаните и електронски медиуми, до административните, просветните работници, да со свој пример придонесеме во растот на нови генерации кои ќе го сакаат, ќе го чуваат, почитуваат и говорат стандардниот албански јазик со сета негова убавина, богатство и посебност и нека тоа биде јазикот на взаемно поврзување и почитување“ – порача Џафери.

Би можело да ве интересира

Џафери: Избори кои ќе го одредат правецот на земјата

Катерина Ѓуровски

Ангелов: Џафери не може да ме разреши сам, средба со него во овој момент е излишна

Орце Костов

Џафери: Владата има обврска да спроведува закони, затоа ги усогласивме коефициентите за плата

Орце Костов

Џафери: Прописите се јасни за ограничувањата за функционерите при користење ресурси

Џафери за новите автомобили: Лизингот е поевтино решение, ако останат во Владата одржувањето ќе биде скапо

Орце Костов

Џафери: Законот е јасен дека треба да има врзан потпис