Чешка со економска соработка ја поддржува Македонија за членство во ЕУ

Од:

Чешка е многу гласен поддржувач за напорите на Македонија за полноправно членство во ЕУ, но исто така не сакаме да останеме само на таа системска поддршка, туку се обидуваме да соработуваме во конкретни области во кои нашето искуство од процесот за пристап во ЕУ и делувањето во неа би било корисно, изјави за МИА, чешкиот заменик-министер за индустрија и трговија Милан Ховорка во Прага.

Ховорка, потенцирајќи дека чешката страна сака да го искористи механизмот кој произлегува од нејзиното членување во ЕУ, додава дека Владите на Македонија и Чешка се свесни дека нивната најважна улога е да создадат средина каде ќе вреди да се стопанисува, да се иновира и да се создаваат нови работни места.

– Порано или подоцна нема да стои ништо меѓу македонските производители и нивните конкуренти од Унијата и затоа од една страна треба да се преземат потребни мерки за македонската стопанска средина да биде способна да и се спротивстави на конкуренцијата. Истовремено, македонските фирми треба да бидат способни да ги искористат сите поволности на единствениот внатрешен пазар, а патот низ тие технички норми, низ правилата за конкурирање, правилата на државна помош и ред други норми, тоа е единствен пат преку кој вистински може да се дојде до целосно членство, истакна Ховорка.

Прашан за оценка на билатералната економска соработка меѓу Република Македонија и Чешката Република, по првиот состанок на Заедничкиот комитет за соработка на двете земји кој беше одржан во Прага, Ховорка подвлече: Нашата главна цел е да ги извојуваме тие простори и да создадеме рамка во која ќе може да се движат чешките фирми и нивните македонски партнери.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ

ЕУ за А1он: Измените на Законот за игри на среќа не упатуваат ниту на ограниченото европското законодавство

Александар Тодески