Чедо Петревски го фати крстот во Дебар

Од:

Во фрлањето по светиот крст во Дебар учествуваа пет лица, од кои најсреќен беше Чедо Петревски, студент на ДИФ.

Верниците кои го празнуваат големиот православен празник Водици и оваа година ја продолжија традицијата, а на богослужбата во црквата „Света Петка“ присуствуваа жителите, но и посетители од други градови.

„Пресреќен сум. По вторпат скокам по светот крст, а сега првпат ми се насмевна среќата. Посакувам многу здравје, среќа, радост за сите, мир и благосостојба во целиот свет“, рече Петревски.

Како изминатите, така и оваа година, црковниот одбор издвои парични средства како награда за среќниот фаќач на крстот.

Би можело да ве интересира

Воведена e забрана за тешки возила на патниот правец Маврово–Дебар

Работник падна од зградата каде работеше – почина на пат кон болница

А1он

Откако мечка се појави на булеварот во Дебар: Не трчајте, побрза е од вас

Предраг Петровиќ

Поради врнежи од снег забрана за тешки товарни возила на патот Дебар – Маврово

Повторно е одложено судското рочиште на кое требаше да биде презентиран извештајот од супервештачењето за случајот со родилката Веапоска

Штипјанец низ Дебар возел со 1,81 промили алкохол во крвта