Чавков се спремал да бега, па заврши во притвор во Шутка

Од:

Ексдиректорот на БЈБ, Митко Чавков заврши во истражниот затвор во Скопје во Шуто Оризари, дознава А1он.

Судот на Чавков му одреди притвор поради тоа што до Обвинителството за организиран криминал и корупција стигнале оперативни податоци од полицијата дека планира да бега.

Во петок, на Чавков треба да му биде соопштена пресудата за настаните од 27 април и му се заканува минимална казна затвор од 10 години.

Информацијата ја потврдија и од обвинителството.

– По добиени сознанија и поради страв дека обвинетиот ќе се даде во бегство и ќе се крие со цел да ја избегне кривичната одговорност, обвинителството побара од Основниот суд Скопје 1 – Скопје да му биде определена мерка притвор.

Обвинетиот е дел од предметот што се води за настаните во Собранието од 27 април 2017 година, за кој главната расправа е завршена и е закажано рочиште за објавување на пресудата, посочуваат од обвинителството.

Би можело да ве интересира

Почина Кире Ѓорѓиевски, осуден за тепањето на Зијадин Села во случајот „27 април“

Катерина Ѓуровски

Почина Игор Југ, еден од осудените за „27 април“

Катерина Ѓуровски

Сулејмани: Обвинителството на Ислам Абази даде позитивно мислење за амнестија на организаторите на 27 април

А1он

ДУИ: Го осудуваме ослободувањето на осудените за нападот на „27 април“

„Тоа е судска одлука“ вели Мицкоски за можната амнестија за организаторите во настаните од 27 април

Во случајот „Организатори на 27 април“, Обвинителството бара амнестијата да важи за Јанакески, Ристески и Вељановски

Катерина Ѓуровски