Чавков, Муковски и Василевски по четврти пат добија 30-дневен притвор

Од:

Апелацискиот суд Скопје вчера им го продолжил притворот на 13 лица, а меѓу нив и на поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ Крсто Мукоски и Сашо Василевски за настаните во Собранието од 27 април.

Станува збор за четврто продолжение на нивниот притвор, при што три одлуки беа од Кривичниот суд, а ова е прва од Апелациониот суд.

Откако минатата недела Апелациски им ги одби жалбите на осомничените за 27 април, пратеници и функционери од МВР за третата мерка притвор, вчера им одредил нови 30 дена притвор, пренесува МИА.

– Сега ние сме првостепениот орган. Отсега ние ќе одлучуваме за натамошните мерки или укинувања. Отсега натаму за жалбите по одлуките на Апелациониот суд Скопје, ќе одлучува Врховниот суд, објаснуваат во Скопска апелација.

За Игор Дурловски, актерот Владо Јовановски и останатите организатори на протестите на „За заедничка Македонија кои се во куќен притвор, Апелацискиот суд ќе одлучува дополнително. Во куќен притвор остануваат и пратениците Јохан Тарчуловски, Љубен Арнаудов и Љупчо Димовски.

Би можело да ве интересира

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки

Кривична за судијата Ѓоко Ристов за „противправно стекнување и прикривање имот“ и за „перење пари“

А1он

Судскиот совет одлучува за одземање на имунитетот на судијата Ѓоко Ристов

А1он

Апелација: Двојно повисока казна за двајцата директори обвинети за пожарот во модуларната во Тетово

А1он

Почина Кире Ѓорѓиевски, осуден за тепањето на Зијадин Села во случајот „27 април“

Катерина Ѓуровски

Фетаи: Преку барање на повисока казна, не бараме освета – казната затвор не е само бројка, туку став

А1он