Чавков, Мукоски и Василевски излегуваат од Шутка

Од:

Врховниот суд донесе одлука осомничените за насилниот упад во Собранието на РМ на 27 април да бидат пуштени од притвор. На ексдиректорот на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, пратениците Крсто Мукоски, Сашо Василевски, како и на Душко Лазаров, Митко Пешов мерката притвор им се заменува со мерка куќен притвор.

За сите осомничени се укинуваат точките 2 и 3 од член 165 од Законот за кривична постапка, како основ за продолжување на мерката притвор и куќен притвор, соопшти Врховниот суд.

За осомничените К.М., С.В., М.Ч., М.П., Д.Л., Г.Ѓ., О.П. и М.П. мерката притвор се заменува со мерка куќен притвор.

Осомничените З.С., Г.А., И.С., В.Т. и В.М. остануваат во притвор.

За осомничените Љ.Д., Ј.Т., Е.Д.Б. и И.Д. за кои била определена мерка куќен притвор, истата се укинува и се определуваат мерки на претпазливост да се јавуваат еднаш неделно во основниот суд на чија територија имаат живеалиште.

За осомничените С.М., М.М. и С.М. мерката куќен притвор останува, се додава во соопштението од Врховниот суд.

Врховен минатата недела одржа јавна седница, по жалбите кои се поднесени на решенијата на Апелацискиот суд, со кои се бараше укинување на мерките притвор и куќен притвор и изрекување на поблаги казни за обвинетите. Меѓу другите обвинети, за поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков и пратениците Крсто Муковски и Сашо Василевски се бараше укинување на мерката притвор, а за пратеникот Љупчо Димовски и оперскиот пејач Игор Дурловски укинување на мерката куќен притвор и изрекување на мерки на претпазливост.

Муковски, Василевски, Чавков и полицискиот службеник Мунир Пепиќ се дел од 35-те осомничени за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста. Ексминистерот за внатрешни работи Митко Чавков и пратениците Крсто Муковски и Сашо Василевски се во притвор од 28 ноември минатата година.

Премиерот Зоран Заев по рочиштето за случајот „Поткуп“ пред медиумите изјави дека мерката притвор не смее да се користи како казна, туку да биде применувана само кога е неопходно.

ВМРО-ДПМНЕ го условуваше враќањето во Собранието на РМ со тоа, пратениците кои се затворени бидат пуштени од притвор.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

МЗШВ: Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

Нов парламентарен состав до 28 мај

Катерина Ѓуровски

Последната седница на овој парламентарен состав ќе се одржи до крајот на месецов

Не е донесен Законот за игри на среќа, постапката заврши

Катерина Ѓуровски

СДСМ предлага отворање медицински факултет во Битола, ВМРО-ДПМНЕ смета дека нема услови