Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7975, бројката на оздравени пациенти е 4080, на починати е 376.
Во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3519, од кои поголемиот број, 1864 во Скопје, информира Министерството за здравство.
Лидер меѓу скопските општини се уште е Чаир со 309 активни случаи на Ковид-19.
Активни случаи по општини Скопје денеска
• Чаир – 309
• Аеродром – 157
• Бутел – 137
• Гази Баба – 193
• Центар – 143
• Карпош – 143
• Сарај – 124
• Кисела Вода – 108
• Ѓорче Петров – 101
• Студеничани – 110
• Шуто Оризари – 82
• Арачиново – 45
• Илинден – 28
• Петровец – 18
• Чучер Сандево – 11
• Сопиште – 9
• Зелениково- 13
• Странец – 5
• Нераспределен- 128
Од Министерството за здравство соопштуваат дека по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје.