Чаир со 195 активни случаи, општина со најмногу заразени со Ковид-19 во Скопје

Од:

Во Чаир и натаму има најголем број активни случаи со Ковид-19, чиј број изнесува 195, по што следат Бутел со 72 и Центар со 71, активни случаи, според податоците на Министерството за здравство.

По општини активни случаи во Скопје заклучно со вчера

• Чаир- 195
• Бутел- 72
• Центар- 71
• Аеродром- 67
• Гази Баба- 66
• Карпош- 64
• Сарај- 58
• Кисела Вода- 39
• Ѓорче Петров- 26
• Студеничани- 24
• Арачиново- 24
• Шуто Оризари- 21
• Илинден- 19
• Петровец- 6
• Чучер Сандево- 3
• Сопиште- 2
• Странец- 2.

Во последните 24 часа се направени 1019 тестирања, а регистрирани се 125 нови случаи на Ковид-19. Починаа седум лица од кои тројца од Скопје, еден од Штип, еден од Тетово и двајца од Струга, соопшти Министерството за здравство.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3.364, бројката на оздравени пациенти е 1.664, на починати е 164, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.536, најмногу во Скопје – 844.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски