Чаир се уште со најмногу активни случаи на Ковид-19 меѓу скопските општини

Од:

Чаир со 235 активни случаи е на врвот на листата на скопските општини според активни случаи на Ковид-19. По неа следуваат Гази Баба со 89, Бутел со 88 и Аеродром и Центар со по 87 активни случаи на заразени со коронавирусот, инфомира Министерството за здравство.

Од Министерството истакнуваат дека актуелната бројка по општини може да се промени со оглед дека се уште не се завршени анкетите од вчера.

По општини активни случаи во Скопје заклучно со вчера

• Чаир-235
• Бутел-88
• Аеродром-87
• Гази Баба-89
• Центар-87
• Карпош-79
• Сарај-75
• Кисела Вода-52
• Ѓорче Петров-39
• Шуто Оризари-29
• Студеничани-25
• Арачиново-30
• Илинден-20
• Петровец-7
• Чучер Сандево-6
• Сопиште-3
• Странец-2
• Неутврден-2

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1045 тестирања, а регистрирани се 164 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-85, Куманово-24, Дебар-3, Штип-5, Прилеп-3, Тетово-18, Струга-5, Охрид-9, Гостивар-2, Гевгелија-1, Крива Паланка-1, Кочани-1, Македонски Брод-1, Валандово-1, Свети Николе-2, Ресен-2, Неготино-1.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3701, бројката на оздравени пациенти е 1694, на починати е 171, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1836.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска