Чаир, Сарај и Гази Баба имаат најмногу активни заразени во Скопје

Од:

Скопје со 239 активни случаи е град со најголем број заразени. На врвот на листата е скопската општина Чаир со 54 случаи на заразени, а зад неа се Сарај со 39 случаи, Гази Баба со 34 случаи, Аеродром со 29 случаи и Бутел каде се регистрирани 25 активни заболени од коронавирус.

Во Карпош и во Центар има по деветмина заболени, по осум активни случаи имаат Илинден и Студеничани, седум заболени има во Кисела Вода, по пет во Шуто Оризари и во Ѓорче Петров, тројца во Петровец , двајца во Арачиново и по еден во Сопиште и во Чучер Сандево.

Министерството за здравство денес извести дека Скопје има 240 активни случаи, но во статистиката било внесено лице од Скопје кое било жител на Тетово. Најавија дека овој случај ќе биде соодветно внесен во утрешната статистика.
Во последните 24 часа се направени 661 тестирање, а регистрирани се 52 нови случаи. Од нив 26 се во Скопје, 6 во Куманово, 7 во Штип, 9 во Тетово, 2 во Струга, и по еден во Велес и во Кочани.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски