Општина Чаир и понатаму има најголем број на случаи на Ковид-19. Таму има 415 активни случаи на вирусот, по Чаир следува Гази Баба со 207 заразени, па Бутел со 173 и Карпош со 167 случаи на Ковид-19.
Во продолжение бројките во останатите општини во Скопје:
• Аеродром – 159
• Сарај – 154
• Центар – 150
• Кисела Вода – 118
• Ѓорче Петров – 116
• Студеничани – 115
• Шуто Оризари – 93
• Арачиново – 51
• Илинден – 33
• Чучер Сандево – 18
• Петровец – 16
• Сопиште – 13
• Зелениково-7
• Странец – 2
Од Министерството за здравство велат дека овие бројки може да се менуваат во текот на денот по завршувањето на епидемиолошките анкети.