Министерството за здравство информира дека вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14600, бројката на оздравени пациенти е 11741, на починати е 606.
Во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2253, од кои најмногу во главниот град – 757, Куманово – 300 и Гостивар – 174.
Активни случаи по општини Скопје денеска:
• Чаир – 94
• Гази Баба – 87
• Аеродром – 94
• Карпош – 81
• Центар – 83
• Кисела Вода – 91
• Ѓорче Петров – 44
• Бутел – 53
• Шуто Оризари – 29
• Студеничани – 26
• Сарај – 22
• Арачиново – 13
• Илинден – 12
• Сопиште – 6
• Чучер Сандево – 3
• Петровец – 8
• Зелениково – 2
• Странец – 9
Од Министерството велат дека по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје.