Чадот од градската депонија во Дебар ги гуши жителите

Од:

Чадот од градската депонија во Дебар и понатаму ги гуши жителите бидејќи речиси постојано се протега по целата територија на градот, посебно во вечерните и утринските часови.

Депонијата во која отпад, врз основа на меѓуопштинскиот договор се транспортира и од општина Маврово Ростуше, се наоѓа на излезот од градот, на патот кој води кон граничниот премин „Блато“ и бањскиот локалитет Бањиште, што создава грда слика за оние кои минуваат тука.

– Загрижувачката појава на присуството на канцерогениот чад од депонијата кој се протега речиси секојдневно над градот е причина што на утрешната вонредна седница на Советот на општината, покрај информацијата за безбедносната состојба на дневен ред е и состојбата со хигиената во градот и состојбата со депонијата. Еднаш веќе расправавме како Совет за тоа, но досега нема никакви резултати, изјави Башким Машкули, претседател на Советот на општина Дебар.

Според Машкули, советниците со донесената одлука од 18 јуни годинава побарале градската депонија да биде соодветно оградена, да се воспостави чуварска служба, да се прошири соработката со полицијата со цел неформалните собирачи кои секојдневно се на депонијата да се отстртанат, како и да се зајакне комуналната инпекција. Беше упатен и апел до граѓаните, додава тој, да бидат посовесни и да не создаваат диви депонии насекаде.

– Како институција на време правиме собирање на сметот, но проблемот со депонијата е отворен бидејќи нашето претпријатие нема средства да врши санација на депонијата, да набави специјални возила за уредување на депонијата и средства за гаснењето на запалениот отпад во депонијата што го предизвикуваат лица кои секојдневно меѓу сметот бараат старо железо, картони или други предмети, изјави Омер Цами, раководител на единицата за јавна хигиена во комуналното претпријатие.

Забелешка околу хигиената во градот имаа и претставниците на дебарските иселеници во САД на неодамнешната средба со градоначалникот Ружди Љата, кои беа расположени во тој правец да дадат свој придонес. Љата посочи дека за ЈКП „Стандрад“ во моментот најпотребен е болдужер со кој ќе се уредува депонијата.

Би можело да ве интересира

Кривична за жител на дебарското село Отишани, поради поседување марихуана

Горан Наумовски

Во Дебар поставен транспарент „Албанците се понижуват до таму што се гази и крвта на паднатите борци! Врати се команданте, Али Ахмети!“

Катерина Ѓуровски

Крадец од Дебар украл паричник со документи и пари

Маж им се заканувал на вработените во Општата болница во Дебар

Невреме со силен ветер, дожд, град и електрични празнења попладнево во Дебарско

Гром го остави без струја три и пол часа поширокиот дебарско – струшки регион