Чадиев вети развој, напредок и просперитет за Велес

Од:

Новиот градоначалник на општина Велес, Славчо Чадиев на денешната прес – конференција потенцира дека големата и искрена поддршка која ја добил од 18.059 гласови е доказ дека граѓаните во него и во ВМРО-ДПМНЕ препознаваат партнер за решавање на проблемите и градење на подобра иднина.

– Сакам да упатам благодарност до сите оние кои во мене како иден градоначалник заедно со советничкото мнозинство предводено од ВМРО-ДПМНЕ препознаа политичка сила која ќе треба во наредните четири години да ја носи одговорноста за Велес, за неговот развој и прогрес, рече Чадиев.

Тој вети дека на Велес ќе му обезбеди развој, напредок и просперитет, затоа што, потенцира, градот заслужува да биде град на светла иднина.

– Ви ветувам посветеност, интензивна соработка со Советот на општината и Владата на Република Македонија во остварувањето на нашата заедничка цел да донесеме подобар живот на граѓаните, рече Чадиев.

Одговарајќи на новинарски прашања Чадиев потенцира дека секој втор четврток како што ветил во својата предизборна програма ќе има средби со граѓаните во својот кабинет и редовни прес-конференции со новинарите.

Како прв проект, со кој ќе започне со превземањето на функцијата градоначалник, Чадиев најави нов сообраќаен режим во Велес и изградба на пешачки мост со кое ќе биде поврзана општина Велес.

Би можело да ве интересира

ДУИ го прозва ВЛЕН: Ако имате легитимитет, прифатете предвремени избори

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

Захарова ги предупредува Русите во странство: Не наседнувајте на провокации

Вучиќ: Изборите ќе се одржат на 18 или 25 октомври

(ВИДЕО) Илјадници луѓе на десничарски протест во Саксонија: „Овој картел, оваа влада мора да си замине“

Венс за претседателската трка во 2028 година: Не се сомневам дека Трамп ќе ја поддржи мојата одлука