Чадиев презентира проекти за развој на туризмот во Велес

Од:

Славчо Чадиев, кандидат за градоначланик на Велес од ВМРО-ДПМНЕ, денеска ги презентира плановите за развој на локалниот туризам.

Чадиев информира дека во рамките на неговата изборна програма е предвиден проект за создавање туристички локалитет Езеро Младост. Посочи дека Езерото Младост, со својата локација, нуди можност за развој на туризмот: транзитен, спортски, забавен, риболовен, ловен, вински, рекреативен, со развој на хотелиерството и кампинг во чиста и здрава животна средина.

– Во согласност со донесените урбанистички планови, во наредниот период ќе бидат понудени парцели за изградба на аквапарк, хотели, автокамп, викенд-куќи, концесионирање плажи и спортски терени за мали спортови и тенис и други туристички објекти. Предвидена е изградба и на велосипедска патека околку Езерото Младост, рече Чадиев.

Годинава се очекува да се доврши поврзувањето на изградените објекти долж езерото Младост со градскиот водоводен систем, по што ќе се премине и на изградба на канализациона  мрежа. За реализација на овој проект, средствата ќе бидат обезбедени од буџетот на општина Велес, инфорира Славќо Чадиев.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?