Чадиев: Макотрпна работа за натамошен развој на Велес

Од:

Кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ за Велес, Славчо Чадиев, денеска ги претстави приоритетните проекти од изборната програма за развој на општината за што ветува макотрпна и напорна работа.

Од жителите на Велес бара втор градоначалнички мандат со, како што рече, реализирани 370 проекти во изминатите четири години, и за почнување нови за подобар живот во општината. Најави изработка на студија за изградба на гасоводна мрежа на градот, изградба на обиколница и кружни текови како решение за сообраќајниот метеж, катна гаража на паркингот до Автобуската станица, покриен градски пазар…

– Поранешното училиште Јордан Хаџи Константинов Џинот ќе се пренамениме во Центар за лица со посебни потреби и во градинка, а Офицерскиот дом во Градска библиотека. Туристичкиот локалитет „Езеро Младост“ дополнително ќе се уреди. Ќе започнеме и постапка за одвојување на атмосферската канализација од фекалната со изградба на прочистителна станица за отпадни води за Велес, рече Чадиев.
Тој вети позитивна кампања и најави оти ќе даде приоритет на предлозите од граѓаните за решавање на нивните проблем и подобар квалитет на животот во урбаните и месни заедници.

– Политиката е натпревар на идеи, служење на народот. Велес е град кој што заслужува таков однос. Граѓаните тоа го очекуват од нас, и ние не треба да ја изневериме дадената доверба, рече Чадиев.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ