Чадиев: Да ја оствариме визијата за Велес како современа и просперитетна општина

Од:

Напредокот на општината значи и придонес кон напредокот на државата. Тоа е и мотивот поради кој се вклучив во изборите. Заедно со ВМРО-ДПМНЕ да ја оствариме визијата за изградба на Општина Велес како една современа и просперитетна општина, нагласи на денешната прес – конференција Славчо Чадиев, кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ за општина Велес.

Во подготвувањето на програма, информира тој, земени се предвид сугестиите на велешките стручни лица од сите области, на видните стопанственици, на здруженијата, на уметниците, на спортистите и на останати ценети граѓани докажани со своето искуство. Сите проекти се прецизно испланирани со конкретни рокови и средства за реализација. Дел од нив, подвлече, се продолжение на политиките на Владата на Република Македонија, дел се нови и ќе се реализираат од буџетот на општината, а дел со заеднички средства на владата и општината.

– Нашата цел ќе биде да продолжиме да вложуваме максимални напори за зголемување на економскиот раст во нашата општина. Создавајќи предуслови за локален економски развој и нови вработувања, ќе продолжиме да ги развиваме индустриските зони во УЗУС и Речани, а ќе отвориме и нова близу село Караслари. Примарна цел ќе биде да привлечеме нови инвеститори, да се отвораат нови фабрики, рече Чадиев.

Тој најави дека ќе се донесат нови, ќе се изменат и прошират постоечките детални и генерални урбанистички планови, а ќе се изгради затворен пазар и нов трговски центар. Чадиев вети и реконструкција на улиците,  воведвуање нов сообраќаен режим во градот, со изградба на кружни текови, поставување семафори и решавање на партерното паркирање, како и изградба на нови спортски игралишта, но и уредување на градскиот стадион.

– Благовремено да ги решаваме проблемите на граѓаните преку изградба и реконструкција на водоснабдителните и канализационите системи во градската и руралната средина, со што ќе се создадат услови за поздрава и почиста животна средина на граѓаните.Да продлжиме со напорите за чист Велес и создавање на чиста и здрава животна средина. Нема да дозволиме да се повтори случајот со Топилницата, рече  Чадиев.Охрабрен од примерот со Советот за спас на Велес од Топилницата, приоритет ќе му биде формирање на Совети од сите области кои се во интерес на развојот на Велес.

Би можело да ве интересира

Двајца велешани нападнале полицајци, насилниците завршиле во станица

Горан Наумовски

Грузиската Централна изборна комисија ги објави конечните изборни резултати, опозицијата продолжува со протестите

Измамема жена од Велес, останала без 600 евра

Граѓаните не сакаат предвремени парламентарни избори, вели Мицкоски

Велешанец проголтал дрога за да ја сокрие од полиција, па завршил во болница

Горан Наумовски

Филипче: Ние сме подготвени за избори, ќе настапиме многу организирано и многу поуспешно