Чадиев: Целосна модернизација на гимназијата „Кочо Рацин“ и на ОУ „Св.Кирил и Методиј“

Од:

Кандидатот за градоначалник на Општина Велес од коалицијата на ВМРО – ДПМНЕ, Славчо Чадиев денеска на прес – конференција најави реконструкција и модернизација на Гимназијата „Кочо Рацин“ и ООУ „Св. Кирил и Методиј“.

Според него, тоа е еден од најбитните проекти во неговата програма, која ја покажува и заедничката соработка со Владата на Република Македонија.

– Во овие велешки училишта ќе биде направена целосна замена на прозорците со нови со подобра звучна и термо изолација.Целосно ќе се реконструира кровната конструкција со што ќе се спречи протекувањето. Ќе се заменат старите, нехигиенски и штетни по здравјето подови, со нови со современ материјал. Целосно ќе се реконструира греењето, обезбедуваќи потопли училници и ходници. Ќе се постави и најсовремено осветлување на училниците, а ќе се реконструираат и санитарните јазли. Ќе се постави и целосно нова фасада, со што дополнително ќе се разубави ликот но и ќе се подобри енергетската ефикасност, појасни Чадиев.

Со оваа модернизација, нагласи, директно ќе се подобрат условите за учење на 1.415 ученици во двете училишта.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?