Централните регистри се поврзуваат со регионална платформа за давање услуги

Од:

Централните регистри од регионот од 2018 година ќе почнат да нудат услуги на регионално ниво преку воспоставување платформа на сите бизнис-регистри од ЈИЕ. Услугите ќе ги нудат од 2018 година, а во платформата се вклучени Централниот регистар на Македонија и на Србија, а интерес пројавиле и Словенија, Хрватска, Албанија, Босна и Херцеговина и Црна Гора.

– Со силна поддршка од матичните влади и од Европската банка за обнова и развој, оваа платформа ќе прерасне во клучна инфраструктурна рамка за подобрување на економската соработка во регионот, а јас лично и мојот тим сме исклучително горди што заедно со колегите од Србија сме исправени пред предизвикот да ги воспоставиме основите за приклучување на сите земји и регистри од Југоисточна Европа и со тоа директно да придонесеме кон подобрување и зголемување на трговската размена во целиот регион, истакна директорката на Централниот регистар на РМ Марија Бошковска-Јанковски на денешното одбележување 15 години од основањето на оваа институција.

Директорот на Агенцијата за стопански регистри на Србија Звонко Обрадовиќ, рече дека овој проект претставува нов почеток за соработка во регионот.

– Стопанствата во регионот не познаваат граници, па затоа и централните регистри тоа ќе треба да го направат, рече Обрадовиќ и додаде дека ќе почнат да се даваат информации од 2018 година преку регионалната платформа.

Според него, македонскиот Централен регистар за 15 години направи џиновски чекори, нешто што некои институции не го прават ни за 50 години.

Централниот регистар на РМ почна со работа од 1 јануари 2002 година со еден регистар и 173 вработени, а денеска има 12 регистри и речиси 300 вработени.

Директорката Бошковска-Јанковски посочи дека успесите постигнати во изминатите 15 години се неспорни и вети дека Централниот регистар ќе слуша и ќе се приспособува, ќе предлага, ќе корегира и ќе се пдообрува во својата работа.

– Нашата заложба е Централниот регистар уште долго време да биде партнер и сервис на деловната заедница, а при тоа да продолжи да се афирмира како предводник во креирањето на подобра бизнис клима, рече Бошковска-Јанковски.

Поддршка во спроведување на реформите добил и од Светска банка со која, како што рече Гордана Поповиќ-Фридман од Канцеларијата на оваа финансиска институција во Македонија, соработува од 2005 година кога е спроведен проект за реформи во деловното окружување и за спроведување на реофми.

Светска банка, потенцира Поповиќ-Фридман, досега има дадено поддршка на проекти во Македонија од 2 милијарди долари.

Би можело да ве интересира

„Цар Борис трети“ избришан од Централен регистар

A1on

Централниот регистар го продолжува рокот за поднесување годишна сметка

Ана Ололовска

Централен регистар со продолжено работно време за поднесување пријави за локалните избори

Ана Ололовска

Продолжен рокот за доставување годишни сметки до Централниот регистар до 25 март

Ана Ололовска

ВИДЕО: Во функција Национален регистар на вистински сопственици

Ана Ололовска

Централниот регистар со нов портал

Ана Ололовска