Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ дава поддршка за ставот на пратениците да се спротивстават на Уставните измени

Од:

Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ донел да заклучока на редовна седница во Велес информираше партијата.

Првиот заклучок е дека Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува атакот и загрозувањето на безбедноста на пратеникот Петар Ристески изразен преку палење на неговиот автомобил, како и палењето на автомобилот на началничката на секторот за урбанизам во општина Прилеп.

Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ бара подитно да бидат изведени пред лицето на правдата не само сторителите туку и организаторите на тој дрзок и криминален чин, а кои се наоѓаат во врвот на власт, да не се замајува јавноста со периферни ликови кои треба да служат за алиби и одолговлекување на вниманието од вистинските сторители и инспиратори.

Централниот Комитет дава целосна и силна поддршка на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во нивната одлука да се спротистават на Уставните измени како еден од најзначајните механизми на спречување на процесот на идентитетско обезличување и асимилација кои ги прифати антимакедонска власт на предавникот Ковачевски се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела