Централен регистар: Постапката за вработување целосно транспарентна

Од:

За Централниот регистар на Република Македонија постапката за вработување е целосно транспарентна и спроведена согласно Законот за Централен регистар, сите позитивни законски норми и општи акти на Централен регистар, како и согласно Колективниот договор склучен помеѓу директор на Централен регистар и претседателот на Синдикалната организација на ЦР.

– Согласно законот за ЦР и Законот за работни односи, директорот на ЦР има потпишано нови договори за вработување со сите вработени за коишто нема ниту жалби ниту приговори од ниту еден вработен, наведуваат од Централниот регистар во демант на изјавата на пратеничката Невенка Стаменковска, поврзана со вработувањето во Централниот регистар на РМ

Во демантот посочуваат дека Централниот регистар на РМ, како транспарентна институција, стои на располагање да ја информира пратеничката за сите позитивни законски норми, одредби и прашања кои се однесуваат на работата и процесите што се одвиваат во институцијата, бидејќи, како што велат, е несвојствено за претставник од законодавниот дом, кој ги гласа законите, да не ги познава истите.

Би можело да ве интересира

„Цар Борис трети“ избришан од Централен регистар

A1on

Централниот регистар го продолжува рокот за поднесување годишна сметка

Ана Ололовска

Централен регистар со продолжено работно време за поднесување пријави за локалните избори

Ана Ололовска

Продолжен рокот за доставување годишни сметки до Централниот регистар до 25 март

Ана Ололовска

ВИДЕО: Во функција Национален регистар на вистински сопственици

Ана Ололовска

Централниот регистар со нов портал

Ана Ололовска