Централен регистар: Поради закани кон вработени против Емил Јакимовски е отворена дисциплинска постапка

Од:

Централниот регистар на Република Северна Македонија најостро ги осуди заканите на вработениот Емил Јакимовски преку Интернет врз новинарката и заменик-уредникот на „А1он“, Мери Јордановска.

„Сакаме да истакнеме дека поради нарушување на работниот ред и дисциплина, како и закани кон вработени во Централниот регистар на Република Северна Македонија против Емил Јакимовски веќе е отворена дисциплинска постапка. Комисијата се уште нема одлука, бидејќи вработениот Емил Јакимовски веќе неколку месеци е на боледување.

Исто така во изминатиот период во МВР има повеќе пријави од вработени во Централниот регистар поради закани од истото лице. Меѓу пријавите поднесени во МВР е и пријавата поднесена од мене лично како директор на Централен регистар Република Северна Македонија, каде во изминатиот период сум мета на постојани напади и закани од Емил Јакимовски.

Централниот регистар секогаш имал одлична соработка со медиумските работници и новинарите и затоа апелираме МВР и истражните органи да ги испитаат ваквите наводи и да ги преземат сите неопходни мерки за расчистување на случајот“, напиша Марија Бошковска – Јанковски, директорка на Централен регистар“.

Би можело да ве интересира

Заврши рокот за пријавување на печатените и електронските медиуми за платено политичко рекламирање за учесниците во изборната кампања

ЗНМ и ССНМ реагираат за начинот на постапување на полициски службеници кон новинари во пелагонискиот регион

Предраг Петровиќ

ССНМ бара зголемување на минималната плата како начин за зачувување на слободата на медиумите и дигнитетот на новинарите

ССНМ предупредува на непрофесионалниот однос на организаторот кон новинарите на прославата на Илинден на Крушево

Катерина Ѓуровски

ССНМ бара Македонија да реагира и да помогне во спречувањето на хуманитарната катастрофа во Газа

ССНМ: Апелот на Министерството за здравство претставува потенцијална цензура