Централен и извршен одбор на СДСМ, официјално ќе се бира Заев за мандатар

Од:

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска на пладне ќе одржи централен, а потоа и извршен одбор на кои официјално ќе биде избран партискиот лидер, Зоран Заев за мандатар.

Иако портпаролот на ДУИ, Бујар Османи најави официјални информации од исходот на преговорите на централното претседателство најави за во понеделник, тие доцна вчера одлучија дека ќе ги дадат потписите на Заев за тој да формира парламентарно мнозинство.

Она што не појаснија од партијата е дали ќе коалицираат со социјалдемократите или пак ќе дадат поддршка за малцинска Влада.

Претходно, Заев од Сараево најави дека на почеток на март, Македонија ќе добие нова Влада која ќе биде предводена од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија