Центарот за јавно здравје-Битола почна со вакцинацијата за заштита од грип

Од:

Јавната здравствена установа Центар за јавно здравје-Битола со надлежност од регионален карактер денеска ја почна превентивната вакцинација за заштита од грип.

– Климатските промени и промената на температурата на воздухот во текот на едно деноноќие предизвикуваат лесни, но и потешки настинки, посебно кај лицата со поголема чувствителност на личното здравје, и затоа денес почнавме со вакцинацијата за заштита од грип, рече Тони Коњановски, епидемиолог во ЈЗУ Центар за јавно здравје-Битола.

Тој истакна дека потребното количество вакцини се набавени. – Обезбедивме вакцини од Холандија, која штити од три типови грип и е препорачана од Светската здравствена организација. Во овој период најчесто во битолскиот Центар доаѓаат граѓани од повозрасните генерации, а поретки се бремените жени или децата со нарушен имонолошки систем, рече Коњановски.

Цената на вакцината и оваа година е непроменета и секој граѓанин може да ја добие за 400 денари во сите центри од надлежност на ЈЗУ Центар за јавно здравје-Битола, односно во Ресен, Демир Хисар, Крушево, Кичево и Демир Хисар. 

Би можело да ве интересира

Лекарите од дефицитарни специјалности ќе може да работат до 70 години

Министерство за здравство: Законот за заштита од пушење не се одложува

70 деца на лекување во Козле, 15 со компликации од грип

Д-р Мицевска: Околу 20 деца со грип хоспитализирани на Детската клиника

Почина пациентка од грип, уште двајца пациенти на респираторна поддршка на Инфективна

Горан Наумовски

Грипот го достигнува пикот – Клиниката во Козле е речиси со комплетно исполнет капацитетот

А1он