Центарот на Скопје затворен за сообраќај

Од:

Поради најавените протести за вечерва центарот на Скопје од попладнево е блокиран за сообраќај. Не се пропуштаат возила на ул. „11 Октомври“, од крстосницата со булевар „Кочо Рацин“ до крстосницата со булевар „Климент Охридски“, како и на улиците „Даме Груев“ и „Војвода Васил Аџиларски“. Сообраќајната полиција го пренасочува сообраќајот по околните булевари и улици.

Поставени се и заштитни огради на улица „11 Октомври“ околу Собранието на Република Македонија, каде синоќа се одржаа протести по завчерашната одлука на претседателот Ѓорге Иванов за општ прекин на сите постапки против политичари и нивни соработници поврзани со прислушувањето и политичката криза.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Протест во Сараево: Граѓаните побараа оставка од министерката за образование

Протест во Сараево: Дали рекламирањето е поважно од нашите животи?

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

Тричасовен протест со блокада на Плетвар