Центарци од зградата на „11-ти Октомври“ го избраа новиот изглед на фасадата

Од:

Општина Центар го привршува фасадирањето на зградата која се наоѓа на улицата „11-ти октомври“ бр.38, спроти ЗОИЛ Македонија.

„Граѓаните избираа каква ќе биде бојата на новата фасада, се одлучија за бела, акцентирана со темно-виолетова и бордо боја. И новата фасада го задржува автентичниот изглед на зградата.

Sredba so gragjani - ul. 11-ti oktomvri (2)

Граѓаните се презадоволни од тоа што добија енергетско-ефикасна фасада. На средба со градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски посочија дека сметките за струја сега им се пониски“, велат од Општина Центар.

„Оваа зграда има 36 стана, а жителите долги години се жалеа на старата и дотраена фасада, чии делови паѓаа на тротоарот и возилата.

Sredba so gragjani - ul. 11-ti oktomvri (3)

Ова е осма зграда во општина Центар која добива нова фасада“, соопштуваат од Општината.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски