Центарци на граѓански форум ќе одлучуваат за приоритетни проекти

Од:

Следните два четвртоци за граѓаните од Центар ќе биде организиран граѓански форум на кој жителите на оваа општина ќе имаат можност од предлог-акциските планови за образование, социјална заштита, млади и соработка со граѓански организации да предложат приоритетни проекти кои ќе ги имплементира општина Центар во периодот 2015 – 2016 година. Целта на форумот е зголемување на учеството на граѓаните во процесот на донесување на одлуки на локално ниво.

Форумот го организира Центарот на заедницата во соработка со општина Центар и е прв ваков во оваа општина. Настанот ќе се одржи на 29.10.2015 (четврток) и 05.11.2015 (четврток) со почеток од 18.00 часот, во хотел Холидеј Ин (сала Милениум). Регистрацијата на учесници започнува од 17.30 часот.

Граѓанските форуми во општина Центар ги имплементира Фондацијата за развој на локалната заедница со финансиска поддршка од Фондацијата Отворено општество Македонија, во рамките на концептот Општина по мерка на граѓаните.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар