Центарци ги искористија субвенциите за велосипеди, продолжува повикот за субвенции за тротинети

Од:

Општина Центар информира дека, за неполн месец откако е најавен проектот „Цел Центар на две тркала“, 175 жители на општината веќе аплицирале и ги искористиле субвенциите за купување на велосипед. Со тоа, квотата за субвенционирање на велосипеди е веќе исполнета, но остануваат средства за субвенционирање на електрични тротинети.

Условите за субвенционирање се следни: секој полнолетен жител на Општина Центар кој ќе купи електричен тротинет може да достави барање за поврат на средства (субвенции) во висина од 30% од вредноста на тротинетот, но не повеќе од 3.000 денари. Потребни документи за аплицирање се: копија од лична карта, копија од трансакциска сметка и оригиналната фискална сметка со сметкопотврда или фактура за купениот тротинет, а правото на субвенција е еднократно.

Барањата за субвенции за тротинети, заедно со комплетната документација се доставуваат во архивата на Општина Центар – Скопје, барака бр.6, по што подносителите ќе бидат известени за редниот број на поднесокот и субвенционирањето, а во предвид ќе бидат земени сите сметки направени по 30 мај.

Инаку, проектот „Цел Центар на две тркала“ има за цел промоција на физичките, спортските и рекретивни активности, но и грижа за животната средина преку стимулирање на граѓаните што повеќе да користат велосипеди и тротинети како алтернативен транспорт. Тоа значително ќе придонесе кон намалување на сообраќајниот метеж во градот, намалување на загадувањето и заштитата на животната средина, соопштуваат од Општина Центар.

За сите дополнителни информации, граѓаните можат да се обратат на телефонскиот број 3203-600.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Со директорите на училиштата и градинките договоривме конкретни мерки, дератизација, дезинсекција и дезинфекција на сите училишни објекти

Герасимовски: Овој ден е важен, затоа што со секој глас се гради демократијата и иднината на Општина Центар

Горан Наумовски

(ИНТЕРВЈУ) Мирослав Лабудовиќ: Целосна реконструкција на улиците во Центар за ослободување на просторот од хаосот

Предраг Петровиќ

Герасимовски: Платено практикантство, обуки и субвенции, поддршка за професионален развој и економска независност на младите

Новотни: Доста е од бетон и чад — Центарот мора да стане место каде што децата слободно дишат

Марковски: Скопје мора да дише слободно